Луда статистика на Данска – Финска: шутеви 23-1, корнери 9-0, пенали 1-0, а резултат 0-1

Статистиката во фудбалот некогаш може многу да залаже, а доказ за тоа е дуелот на Данска и Финска. Ако не го знаете резултатот, а тој беше 0-1, ако ја видите само статистиката, сигурно би помислиле дека Данска извојувала убедлива победа.

Данска имаше 63 проценти посед на топка, имаше 23 шута од кои 6 во рамките на голот на Финска. Данска изведе девет корнери, шутна и еден пенал, но не постигна гол. Финците со 37 отсто посед, не изведоа ниеден корнер, шутнаа само еднаш кон голот на фаворитот, и успеаја да погодат и да освојат историски три бода, бидејќи и тие како и Македонија, се дебитанти на Европско првенство.

- Оглас -

Најнови вести