Капитенот на Данска, Кристијан Ериксен ненадејно падна на дуелот против Финска и се случи драма. Брзата интервенција на лекарите, му го спаси животот на Ериксен, кој дури им испрати порака на своите соиграчи да го доиграат дуелот против Финска, која на крајот победи со 1:0 потив фаворитот Данска.
„Срцевиот застој е нешто што може да допринесе за големо оштетување на срцето. Ако веднаш не се зголеми работата на срцето, последиците се фатални. Затоа, уште некое време нема да може да се каже колку време ќе биде потребно за Ериксен да се опорави и дали ќе може повторно да игра фудбал“, вели докторот Сем Мохидин кој во 2012 година го спаси животот на Фабрис Муамби, фудбалерот на Болтон кој падна на дуелот против Тотенхем.
Докторот не сакаше многу да шпекулира околу причините за падот на Ериксен, но потврди дека очигледно се работи за привремен застој на работата на срцето на данскиот фудбалер.
„Јасно е дека во случајот на Кристијан, реанимацијата даде резултат и беше успешна. Навремено беше вратен срцевиот ритам. Ако тоа не се случи на време, нема шанси да преживее. Сепак, дури сега треба да се открие кои се оштетувањата на срцето кај Ериксен. Секој срцев застој си е посебна приказна“, додава Мохидин.