Го плаќаме неискуството, на дебито на ЕП губеа и ракометарите, кошаркарите и одбојкарите

Поразите на стартот на Европско првенство во екипните олимписки спортови ни се како судбина. Неискуството од играњето вакви мечеви си го прави своето, па така и фудбалерите им се приклучија на нашите селекции во другите спортови  кои исто така беа поразени кога првпат заиграа на едно ЕП.

Во 1998 година, ракометарите на своето прво ЕП во групната фаза освоија само еден бод во пет меча, во 1999 година кошаркарите ги загубија сите три меча во групата, а одбојкарите во 2019 година ги загубија првите три средби, пред да ги добијат наредните два.

За избраниците на Игор Ангеловски остануваат дуелите со Украина во Букурешт на 17 и со Холандија во Амстердам на 21 јуни, шансите за пласман во осминафинале не се загубени, но и да не успеат, сепак, ова на фудбалерите ќе им биде големо искуство.

- Оглас -

Најнови вести