По девет меча и 24 погодоци, во Севилја се дочека реми без голови

Реми без голови и поделба на бодови за селекциите на Шпанија и Шведска во последниот меч од четвртиот ден на Европското првенство.

По девет натпревари досега од првото коло, во кои се забележаа дури 24 погодоци, првпат на континенталниот турнир се одигра меч во кој мрежите мируваа, што е жално бидејќи вечерашните противници пропуштија неколку шанси за во Севилја да се види барем еден погодок.

Во првото полувреме во главна улога се најдоа напаѓачите Мората на едната страна и Исак на другата, кои не користеа големи зицери, а претходно Олсен маестрално го спречи Дани Олмо да се радува на погодок.

Тие ситуации можете да ги видите на следниот ЛИНК.

И во вторите 45 минути Фуријата статистички доминираше во посед на топката и обидите кон голот на шведскиот голман, од кои ниту еден не заврши во рамките. Ударите на Олмо и Ојарзабал беа блокирани од противничката одбрана, а во последната минута од регуларните 90, Олсен повторно со две херојски одбрани спречи радост на Морено, односно Сарабија и шпанскиот состав.

- Оглас -

Најнови вести