Фрустрирани сме затоа што Шведска ќе ја победиме во девет од 10 меча

Шпанија неславно стартуваше на Европското првенство откако одигра без голови против Шведска. Во текот на целиот меч, Црвената фурија напаѓаше, но ниту еднаш не успеа да го скрши отпорот на противникот. Ова беше првиот меч на ЕП што заврши без голови.

„Сите во тимот сме фрустрирани бидејќи знаеме колку труд вложивме на овој меч, но не победивме. Од 10 вакви меча, мислам дека на девет би победиле. Сепак, сега не треба премногу да размислуваме на овој меч. Треба да се фокусираме на следниот меч и да освоиме три бода“, вели шпанскиот дефанзивец Ајмерик Лапорт.

На овој меч Шпанците поставија и еден рекорд на Европските првенства. Имаа 953 додавања, што е најмногу откако од 1980 година се води ваква статистика. Швеѓаните вкупно имаа 180 додавања за цел меч, додека Шпанците само во првото полувреме имаа 419 додавања. Украинците не беа премногу загрижени поради оваа статистика.

„Не ни е гајле колку додавања имале. На крајот се гледа кој колку голови постигнал. Шпанците се фрустрираа бидејќи не можеа да дадат гол“, вели дефанзивецот на Шведска, Виктор Линделоф.

Во следното коло Шпанија ќе игра против Полска, а Шведска за ривал ја има селекцијата на Словачка.

 

- Оглас -

Најнови вести