Македонија е орна за клучната битка на ЕП (Фото)

Македонската фудбалска репрезентација е во екот на последните подготовки пред дуелот со Украина, што ќе се игра задутре од 15 часот.

Горан Пандев и соиграчите тренираа утрово, а поразот од Австрија во деби-мечот на Македонија на големите натптреварувања веќе е заборавен.

Целта е да бидеме подготвени за клучната битка во првата фаза, за два дена против Украинците. Победа и реми ни ги враќаат надежите за втор круг, со пораз шансите ќе ни бидат минимални.

Мечот ќе се игра на Националната арена во Букуреш, задутре од 15 часот, а потоа ќе се патува за Амстердам, за дуелот со Холандија на 21 јуни.

 

- Оглас -

Најнови вести