Сите 24 репрезентации со порака до Ериксен, Пандев говореше во име на Рисовите (видео)

Состојбата на Кристијан Ериксен се подобрува секојдневно откако данскиот фудбалер падна на земјата во дуелот меѓу Данска и Финска, по што медицинскиот тим навреме интревенираше да му го спаси животот.

Се покажа дека срцето му застанало за момент, но Ериксен успеа да избегне трагедија. УЕФА состави видеопорака од сите 24 селекции кои му изразија поддршка на данската ѕвезда и му посакаа што поскоро да закрепне. Во име на македонската фудбалска репрезентација зборуваше капитенот Горан Пандев.

„Здраво Кристијан. Поздрав од мене и моите колеги, сите ти посакуваме што побрзо закрепнување. Те чекаме уште посилен на теренот. Сите сме со тебе. Форца Кристијан!“, посочи Пандев.

https://www.youtube.com/watch?v=sk1k8VZzILU

- Оглас -

Најнови вести