Во мај 1999 година, екипата на Беласица го освои Купот на Македонија во кадетска конкуренција, во финалето ја совладаа Слога Југомагнат на „Чаир“ со 5-3, а еден од јунаците на струмичкиот тим беше Горан Пандев. Тогаш како талент, а сега најдобар македонски фудбалер во историјата, по победата го даде веројатно првото телевизиско интервју.
„Јас сум Пандев Горан, член на Беласица. Овој натпревар беше многу тежок, поведовме со 2-0… Потоа домаќините израмнија на 2-2, но ние сепак смогнавме сили и на крајот извојувавме победа со 5-3 и по вторпат го освоивме Купот на Македонија. Мојот учинок беше постигнувањето на вториот гол и тоа што уште еднаш тргнавме кон нова победа“, вели Пандев.
https://twitter.com/i/status/1404859603389763594