Македонија направи најмногу фаули во првото коло на ЕП

Македонија загуби од Австрија со 1:3 на историскиот прв меч од Европското фудбалско првенство, а по комплетирање на првото коло од континенталниот собир, јасно е дека тоа е средбата со најмногу фаули. Статистиката на УЕФА вели дека вкупно имало дури 29 прекршоци на средбата, односно по еден фаул на секои три минути од играта.

Според бројките, Македонија е најгрубата селекција на турнирот и вкупно направи 16 фаули, за кои доби два жолти картони (Трајковски и Алиоски). Ни Австриjците не заостануваат многу по бројот на прекршоци, па тие фаулираа вкупно 13 пати. Со 29 прекини на играта, ова е најгрубиот меч досега на првенството со дури 29 прекршоци.

Зад Македонија на оваа листа, следат Португалија и Полска со по 15 направени фаули, а Словаците се на исто ниво со Австрија и тие фаулирале 13 пати. Токму дуелот Полска – Словачка е вториот најгруб со 28 вкупно прекршоци.

Украина е следниот ривал на Македонија, селекција која во првото коло направи само осум фаули во дуелот против Холандија.

 

- Оглас -

Најнови вести