Арнаутовиќ суспендиран на еден меч, нема да игра против Холандија

Австриската репрезентација на мечот против Холандија нема да може да смета на напаѓачот Марко Арнаутовиќ. Тој за навредите кон македонските репрезентативци на национална основа доби забрана за настап на еден натпревар. Оваа казна му ја изрече петчлената дисциплинска комисија на УЕФА.

По мечот, откако сфати дека може да добие суспензија, Арнаутовиќ се извини и на македонски и на албански јазик, но веќе беше доцна. Тој по постигнувањето на голот за 3-1, искажа еден куп навреди упатени кон Бејтулаи и Алиоски, и тоа не можеше да мине неказнето.

- Оглас -

Најнови вести