Данска во јуриш, тактиката „блиц криг“ се покажа успешна

Данска води со 1-0 по првото полувреме на дуелот со фаворизираната Белгија. Црвените ѓаволи се во шок, не покажаа ништо во првите 45 минути, а беа исечени уште во корен, бидејќи Данска бодрена од публиката, даде гол уште во втората минута.

Погодокот на Јусуф Поулсен падна после 98 секунди игра, и тоа е втор најбрз гол во историјата на европските првенства. Најбрз гол е оној на Русинот Дмитри Кириченко против Грција на ЕП 2004 година, кога погоди после 65 секунди. Ако Данска ја совлада Белгија, тогаш после две кола во групата Б, сите четири селекции ќе имаат по 3 бода, и последното коло ќе биде решавачко.

- Оглас -

Најнови вести