Шкоти навиваа и го тресеа авионот во лет, над 20.000 допатуваа во Лондон, а немаат билети (Видео)

Над 20 илјади шкотски навивачи се наоѓаат во Лондон, и на разни начини ќе ја бодрат својата репрезентација која вечерва од 21 часот гостува кај Англија, бидејќи ретко кој од нив има билет за натпреварот на „Вембли“.

Дека се одлично расположени, покажаа уште во авион, кога почнаа да навиваат, а сето тоа беше снимено со мобилен телефон. Атмосферата низ улиците на Лондон веќе втор ден е во знакот на шкотските фанови, кои во голем број се собираат околу плоштадот „Лестер“ и пијат, пејат, се качуваат по семафори, се капат во фонтана, итн.

Сепак, тоа не е ништо ново за нив, а погледнете што правеа во еден од авионите со кои допатуваа во Лондон:

- Оглас -

Најнови вести