Лавина од унгарски навивачи се упатија кон „Пушкаш арената“ (видео)

Унгарската фудбалска репрезентација во 15 часот на домашен терен, односно на „Пушкаш арената“ во Будимпешта ќе ги одмери силите против можеби првиот фаворит за освојување на Европското првенство Франција.

Триколорите како владетели со светскиот фудбал ќе одат по потврда на пласманот во нокаут фазата, односно ќе се обидат да врзат две победи по триумфот над Германија, но во главниот унгарски град ги чека пеколна атмосфера.

Илјадници унгарски навивачи се движат како лавина кон стадионот каде што нивната селекција ќе се докажува против големиот фаворит.

https://twitter.com/FutbolBible/status/1406202276331638784

- Оглас -

Најнови вести