Статистиката покажува: Македонија е една од трите селекции коja даде и прими гол на двата меча

Македонија заедно со Турција и Данска се единствените три селекции кои по првите две кола немаа освоено ниту еден бод. Нашата репрезентација и Турците немаат шанси за пласман во следната фаза, додека Данците имаат теорија да бидат на посакуваното трето место кое може да им донесе нокаут фаза.

Столе Димитриевски е најдобриот голман на првенството со 11 одбрани, но покрај тоа нашата одбрана, заедно со Турција го дели првото место за најлоша, со пет примени гола. Според статистиката, Македонија игра отворен фудбал на ЕП.

Нашата репрезентација е една од трите што во двата меча има постигнато и примено гол. Покрај Македонија, со гол-гол ситуација во двата меча се само уште и Полска и Украина.

Во последното коло, Македонија во Амстердам ќе игра против Холандија која е голем фаворит. Лалињата победија во првите две кола против Австрија и Украина, па веќе го имаат обезбедено првото место во групата, во која Македонија сигурно ќе биде последна.

Во Sport Life е одличен коефициентот дека и на Македонија – Холандија двете екипи ќе дадат барем по еден гол.

 

- Оглас -

Најнови вести