Ферстапен да ја прекине мини-доминацијата на Хамилтон на француското Гран при

Макс Ферстапен со освоената пол-позиција вчера на квалификациите, верува дека ќе го спречи Луис Хамилтон да запише три победи во низа на француското Гран при кое ќе се одржува на патеката „Пол Рикар“.

Возачот на Ред бул атакува на трет триумф сезонава во седмата трка, a според традицијата тоа и треба да се случи. Кога француското Гран при се врати во календарот на Формула 1 по осум години пауза, Хамилтон во 2018 и 2019 година освојуваше пол-позиција и победуваше на трката.

Двајцата ривали ги дели само четири бода во рангирањето досега, Ферстапен е прв со 105 бода, додека актуелниот светски шампион стои на второто место со 101 бод.

На стартот од трката (15 часот), позади Ферстапен ќе стојат токму двата болиди на Мерцедес, четврти е вториот возач на Ред бул, Серхио Перес.

- Оглас -

Најнови вести