Аѕурите сигурно победуваат денеска: Ваква Италија не се памти повеќе од 80 години

Италија беше првата репрезентација која обезбеди пласман во нокаут фазата откако во првите две кола со идентични 3:0 ги победи Турција и Швајцарија. Аѕурите денеска играат против Велс во обид да го задржат стоостотниот ефект, но и да стигнат до бројки кои со децении не биле постигнати на репрезентативно ниво.

Поранешниот европски и светски првак е во серија од 29 меча без пораз(24 победи и пет нерешени) и ако успеат и денеска да не загубат, што е многу реално, ќе го израмнат националниот рекорд стар неверојатни 82 години. Аѕурите во периодот од 1935 до 1939 година одиграле 30 меча без пораз, а денеска тој рекорд може да биде достигнат. Едноставно домаќините не треба да загубат на „Олимпико“ во Рим.

Не само што е речиси неверојатно да се победи Италија, туку е многу тешко да им се даде гол. На последните 10 меча Италија успеа да ја сочува својата мрежа, а последен пат прими гол од Холандија во октомври минатата година. Вкупно 965 минути Италија е без примен гол и ако успее во првите 35 минути да ја сочува мрежата против Велс, ќе ја надмине бројката од 1.000 минути „сува мрежа“.

Велс е селекција која има четири бода и многу веројатно дека ќе биде дел од нокаут фазата, дури и да загуби од Италија.

 

- Оглас -

Најнови вести