За околу два часа Македонија ќе го одигра последниот меч на Европското првенство, против фаворизираната Холандија на „Јохан Кројф арената“ во Амстердам.
Во пресрет на емоционалниот дуел, холандските навивачи подготвија изненадување за капитенот Горан Пандев, наводно ќе извадат банер со кој ќе го поздрават Гранде Пандев во неговиот последен меч во националниот дрес и најверојатно во кариерата.
Дел од холандските фанови кои носат дресови на својата репрезентација, го испишаа презимето на Горан со бројот 10 во знак на поддршка за иконата на макфудбалот.
https://twitter.com/pilkabalkany/status/1406964930402828291