Иван Тричковски постигна прекрасен гол во деветтата минута против Холандија, но, за жал, беше во многу мал офсајд и Македонија не поведе на „Јохан Кројф арената“.
Акцијата на нашата репрезентација беше прекрасна, а Тричковски остана сам пред Стекеленбург и сигурно погоди, но кусо се радуваше.
Судијата Ковач од Романија покажа дека има офсајд, а, за жал, и беше во право. Со врвот на копачката Тричковски беше во недозволена позиција и Македонија не поведе со 1:0.