Мемфис Депај ѝ донесе предност на Холандија со гол во 27-мата минута, но на првиот гол на мечот против Македонија му претходеше чист фаул над Горан Пандев на спротивната страна.
И наместо ние да имаме добра позиција од слободен удар, Ковач дозволи да се игра и Депај погоди. Ситуацијата и фаулот над Пандев се чисти како солза, но и тука во Амстердам како да се повторува приказната за големи и мали.
Ковач чекаше и ВАР проверка и потоа покажа на центарот, па Холандија има предност од 1:0.
Претходно ни беше поништен гол, оправдано, бидејќи Тричковски во деветтата минута беше во офсајд, а потоа Трајковски ја погоди стативата во 22-рата минута.