Македонија игра топ фудбал, фортуната нѐ заборави

Македонија игра топ фудбал на „Јохан Кројф арената“ во Амстердам против Холандија и иако губи со 1:0 по првото полувреме, остави одличен впечаток.

Во деветтата минута постигнавме гол, но беше оправдано поништен поради офсајд на Иван Тричковски. Нашиот напаѓач рутински го совлада Стекеленбург, но за неколку милиметри и со врвот на копачката беше во офсајд.

Потоа во 22-рата минута Александар Трајковски со бомба ја погоди стативата, а имавме уште неколку убави шанси. Ги имаа и Холанѓаните во сосема отворен меч, што се игра само за престиж.

Лалињата поведоа во 27-мата минута со голот на Мемфис Депај, а му претходеше фаул над Горан Пандев на спротивната страна, и тоа на почетокот на акцијата, од која во контранапад Холанѓаните дадоа гол.

Судијата Ковач од Романија чекаше и ВАР проверка, па покажа на центар и Холандија со сомнителен гол води со 1:0.

 

- Оглас -

Најнови вести