Репрезентацијата на Данска имаше шокантен старт на Европското првенство откако само по 43 минути, отана без капитенот Кристијан Ериксен, кој претрпе срцев удар на теренот. Данските фудбалери беа во шок по тој немил настан и загубија од Финска, а потоа во второто коло загубија и од Белгија, па беа без бодови, но останаа со шанси за пласман во следната фаза.
Тоа се случи вечерва, откако Данците одиграа фантастичен меч против Русија и победија со убедливи 4:1, а работа им завршија и Белгијците, кои ја победија Финска со 2:0. Во една ваква ситуација, Белгија со максимални 9 бода е прва, а Данска, Русија и Финска завршија со по три бода.
Во таква ситуација се прави мини табела од меѓусебните дуели, а Данска благодарение на денешната убедлива победа од 4:1, има плус 2 гола и тоа е доволно за второто место во групата. Уште сега се знае дека Данска во осминафиналето ќе игра против Велс.