Отсуствата на Никола Јокиќ и Богдан Богдановиќ во српската репрезентација се силен удар кој многу ја ослабува една од најсилните европските селекции на Олимписките игри во Токио, па Американците се чини дека ќе имаат олеснет пат до ново злато, особено што нивниот тим ќе беше фаворит дури и сите други ривали да им беа комплетни.
Откако не освоија шампионски прстен во НБА, ѕвездите на Бруклин нетс, Кевин Дурант и Џејмс Харден, потврдија дека ќе играат за САД на олимпискиот турнир, па за неуспехот на клупски план ќе пробаат да се утешат со злато за својата земја.
Леброн Џејмс, Ентони Дејвис, Стеф Кари, Донован Мичел се меѓу ѕвездите кои нема да играат во Токио, но на стартот на подготовките на 6 јули се очекува во американскиот тим да се појават доволно добри кошаркари кои би го освоиле златниот медал на ОИ.
Освен Дурант и Харден, во составот меѓу другите ќе бидат и Демиен Лилард, Дрејмонд Грин, Бредли Бил, Џејсон Тејтум, Бам Адебајо, веројатно и Девин Букер, иако нему сезоната уште му трае.