Англија ќе победи на „гостувањето“ во Лондон

6806 Чешка – Англија (21.00 часот)

Ова е дуел на две репрезентации кои имаат по четири бода и кои сигурно одат понатаму, а прашање е само кој ќе биде прв, а кој втор во групата. Чешка има подобра гол-разлика, па неа и реми ќе ѝ заврши работа, но во Лондон тешко дека ќе остане непоразена од Англија. Англичаните немаат примено гол во првите две кола. Кај Англија ќе го нема Чилвел и Маунт, кои заминаа во карантин. Чесите последен пат гостуваа против Англија на „Вембли“ пред две години и беа прегазени со 5-0.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.14)

 

6807 Хрватска – Шкотска (21.00 часот)

Доколку има нерешен резултат, испаѓаат и едните и другите. Затоа двата тима мора да одат на победа. Хрватите теоретски може да го освојат и второто место во групата, но ќе им треба помош и од Англија. Хрватска не играше добро во првите две кола, но Шкотите се во шок откако дознаа дека Гилмор, кој им е важен играч, е позитивен на корона-вирус. Сепак, средбата се игра во Глазгов, домашниот терен е голема предност за Шкотска. Хрватска никогаш не ја победила Шкотска, а нивните меѓусебни дуели секогаш биле со 0-2 гола.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.80)

 

5700 Џохор ДТ – Нагоја (16.00 часот)

Тимот од Малезија ги пречекува Јапонците во натпревар од Лигата на шампионите на Азија. За двете екипи ова е прв меч сезонава во азиската ЛШ. Гостите се големи фаворити, Џохор како домаќин ќе игра во Бангкок во Тајланд. Џохор нема играно натпревар од 8 мај, но и Нагоја не е во натпреварувачки ритам, во јуни играа само еднаш во купот на Јапонија. Овие два тима никогаш не играле еден против друг.

Предлог тип: 2 & 2-4 (1.75)

 

6001 Фолгоре – Приштина (20.00 часот)

Тука Приштина не би смеела да има проблем и првакот на Косово сигурно треба да оди во следната фаза од квалификациите во Лигата на шампионите. Фолгоре, кој е претставник на Сан Марино, всушност не е домаќин на свој терен, туку четири тима кои се борат во оваа почетна квалификациска фаза од ЛШ разигруваат во Албанија, што може да биде дополнителна предност за Приштина.

Предлог тип: 2 & 3+ (1.52)

 

5701 Мавританија – Јемен (19.00 часот)

Мечот на Мавританија и Јемен е од квалификациите во Арапскиот куп, победникот оди во главната рунда, каде што чекаат најдоброрангираните репрезентации од земјите во кои се зборува арапски јазик. Овој меч се игра на неутрален терен во Доха во Катар, а фаворит на хартија е африканската репрезентација. Мавританците и не се толку силни колку што Јемен е слаб. Јеменците имаат серија од шест натпревари по ред без постигнат гол. Месецов играа три меча од квалификациите за СП 2022 и загубија од Палестина, Узбекистан и Саудиска Арабија.

Предлог тип: 1 (1.71)

- Оглас -

Најнови вести