Ригорозните протоколи во Британија ги растурија „коцките“ на Хрватска

Строгите протоколи за ковид-19 најмногу ги оштетија навивачите на Македонија и на Хрватска на дуелите во последното трето коло во првата фаза по групи на Европското првенство.

На навивачите од Македонија не им беше дозволено вчера да дојдат на „Јохан Кројф арената“ и да ѝ дадат поддршка на својата репрезентација, па на трибините имаше само нашинци од околните европски земји и тие што живеат во Холандија.

Денеска и хрватските навивачи ја доживеаја истата судбина, па на „Хемпден парк“ вечерва против Шкотска, Модриќ и соиграчите ги бодрат само околу 500 симпатизери.

Тоа е најмала бројка на хрватски навивачи на официјален меч на големите натпреварувања, односно на Европските и Светските првенства, па Шкотите доминираат во Глазгов на мечот што веќе почна, а се игра од 21 часот.

- Оглас -

Најнови вести