Дејан Кулушевски има супер деби за Шведска на Европските првенства и само неколку минути откако влезе како резерва, му асистираше на Емил Форсберг за предност од 2:0 против Шведска.
Играчот со македонски корени одлично повлече акција во 59-тата минута, само 240 секунди по влегувањето во игра, па го послужи како на тацна Форсберг, кој е двоен стрелец.
Акцијата на Кулушевски и вториот гол на Форсберг можете да ги погледнете ОВДЕ.
Интересно е тоа што Швеѓаните постигнаа вкупно три гола досега на ЕП и сите ги постигна напаѓачот на Лајпциг, Форсберг.
Веднаш потоа Роберт Левандовски намали на 2:1, но на Полска ѝ треба победа за пласман во осминафиналето. Ако победи Шведска, гигурно ќе биде прва во Е групата со 7 бода, пред Шпанија со пет бода и само тие две селекции би играле во осминафиналето.