Една песна никако не смее да се пее на европскиот класик меѓу Англија и Германија (Видео)

Англиските навивачи ќе доминираат на трибините на „Вембли“ на 29. јуни за европскиот фудналски класик против Германија, но нема да смеат да пеат една песна, што вообичаено се слушаше од трибините на последните меѓусебни дуели меѓу Гордиот Албион и популарниот Елф.

„Десетте германски бомбардери“ е детска песна од Втората светска војна чии стихови редовно се слушаат од трибините со англиски навивачи на дуелите против Германија.

Сега англиската фудбалска федерација, ФА, одлучи строго да ги казнува сите навивачи што ќе ја пејат песната, а ќе има забрана за присуство на англиските стадиони и во иднина.

Англија и Германија ќе играат во осминафиналето на ЕП за четири дена на „Вембли“ во Лондон од 18 часот.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести