Марк Маркес минува низ тежок период со неколку незавршени трки во Мото ГП, а денеска имаше и многу среќа да мине неповреден по страотниот пад во Асен, Холандија.
На еден од тренинзите Маркес загуби контрола и буквално летна над моторот, паѓајчи на патеката, а потоа заврши во песокот. За среќа не е повреден во најлошата сезона што ја вози од 2013 година кога се приклучи во најсилната класа во мототрките.
Маркес е шесткратен шампион во Мото ГП, но сезонава не успеа да заврши дури три трки и моментно е наа 10. место во Генералниот пласман.
Massive crash for Marquez #MotoGP #DutchGP @Moliveiradepre pic.twitter.com/Te24eVLoYY
— SAPINA (@miguel_sapina) June 25, 2021
Светскиот првак и покрај тешкиот пад денеска ќе вози во Асен во недела од 14 часот во трката за Големата награда на Холандија.