Швајцарците досега пропатуваа 12.000 километри, а Aнгличаните не мрднаа од дома

Одлуката да се организира Европско првенство во 11 различни градови од повеќе европски земји, се покажа како лош потег, барем што се однесува до патувањето на дел од националните селекции. Швајцарија својот камп го направи во Рим, градот каде што играше против Италија, но во меѓувреме два пати мораше да патува до Баку во Азербејџан, па вкупно поминаа 11.700 километри.

Малку подобро помина Шведска која пропатува околу 11.000 километри. Нивниот камп е во Гетеборг, а патуваа на мечеви во Сант Петербург во Русија и Севилја во Шпанија. Од сите репрезентации кои се дел од нокаут фазата, најмалку, односно без да мрдне од својата база е Англија.

Гордиот Албион сите три меча од групната фаза ги играше на „Вембли“ во Лондон, а на легендарниот стадион во англиската престолнина во осминафиналето ќе гостува и селекцијата на Германија.

 

- Оглас -

Најнови вести