Лукаку е лут што не го фалат како Левандовски, Кејн и Бензема

Ромелу Лукаку со три погодоци е меѓу најефикасните играчи на Европското првенство, а утре (21 часот) ќе треба да го докаже својот голгетерски квалитет против актуелниот шампион Португалија и моментално најдобриот стрелец на шампионатот, Кристијано Роналдо.

Иако е во врвна форма која ја пренесе од дресот на Интер во којшто постигна 30 погодоци на 44 меча изминатата сезона, Лукаку смета дека не добива третман од медиумите како неговите колеги според позиција, Роберт Левандовски, Хари Кејн и Карим Бензема.

„Кога луѓето зборуваат за Кејн, Бензема, Левандовски, велат дека се врвни напаѓачи, а за мене кажуваат само дека сум во добра форма. Тоа ме мотивира да работам уште повеќе и да напредувам. Искрено, мислам дека сега и јас сум меѓу нив, врвните голгетери кои ги величат“, истакна Лукаку пред утрешното дерби против европскиот првак.

- Оглас -

Најнови вести