Француски навивачи наместо во Будимпешта, отпатувале за Букурешт и го пропуштиле дуелот против Унгарија

Од романските медиуми стигна интересна вест со група на шестмина француски навивачи кои наместо во Будимпешта, отпатувале за Букурешт за да го гледаат мечот меѓу нивната репрезентација и Унгарија кој се одигра во рамките од второто коло на групната фаза.

Унгарската метропола ја промашиле за 500 километри и стигнале во Букурешт, а откако забележале украински навивачи кои патем се подготвуваа за дуелот Украина – Македонија, сфатиле дека направиле голема грешка. Така нивните билети пропаднаа, а мечот го проследиле во паб преку малите екран.

„Доцна сфативме дека тоа се украински навивачи, симпатизери на репрезентација која не игра против нашата Франција. Не можевме да се разбереме на ниту унгарски, ниту на украински, и ние бевме странци во Букурешт“, истакна еден од навивачите.

Во 2019 година двајца фанови на Ливерпул наместо во Генк, отпатуваа за Гент за да проследат меч на Црвените во Лигата на шампионите. Во 2012 година, дури 400 навивачи на Атлетик Билбао го пропуштија финалето од Лигата на Европа против Атлетико Мадрид, откако направија идентична грешка како и Французите, наместо во Будимпешта, заминале за Букурешт.

- Оглас -

Најнови вести