Италијанците не само што добро играат фудбал, туку се и „бубалици“

Составот кој го има репрезентацијата на Италија на Еуро 2020, не е само обичен фудбалски тим кој играше добро во групната фаза, а вечер игра осминафинале со Австрија во Лондон, туку тоа е и собир на играчи кои се образувани. Селекторот Роберто Манчини во тимот има и дипломирани, и актуелни студенти.

На чело на групата е капитенот Џорџо Кјелини, кој има докторат по економија и магистрирал деловна администрација. Тоа е завидна едукативна диплома.

Друг истакнат фудбалер кој е дипломиран, е Матео Песина кој даде гол против Велс. Тој оди по стапките на татко му, кој е експерт по сметководителство. Песина е последна година на студии по економија на универзитетот Бокони во Милано. За време на подготовките за ЕП, тој полагаше испит за статистика. Матео обожува латински јазик, љубов која му ја пренела неговата баба, која го предавала јазикот на античките Римјани.

Џакомо Распадори и третиот голман Алекс Мерет студираат спортски науки, нивните родители по секоја цена сакаат да ги видат како факултетски образувани личности.

Федерико Кјеза, има дипломирано на Американски колеџ во Фиренца, а тој ги шокираше новинарите од Велика Британија со познавање на англискиот јазик. Тој е „манијак“ по физика, а негов идол е американскиот научник Брајан Грин. Напаѓачот на Јувентус планира во септември да се запише на факултет и да студира физика.

Голманот Салваторе Сиригу чита по неколку книги неделно и редовно ги информира своите соиграчи за хитовите на пазарот за книги во Италија.

- Оглас -

Најнови вести