Се огласи Халанд по информацијата дека потрошил 500.000 евра за вечера и дал бакшиш од 30.000

Со голема брзина се прошири сензационалната вест од Грција дека Ерлинг Халанд кој е на одмор на островот Миконос, за една вечер потрошил дури 500 илјади евра, а на крајот оставил бакшиш од 30.000 евра. Тоа дојде до самиот Норвежанец, кој се огласи преку социјалните мрежи по повод оваа тема.

„Мислам дека го заборавија главното јадење. Лажна вест“ – напиша Халанд кој со првиот дел од објаснувањето се пошегува, пред да негира дека се случило такво луксузирање.

Халанд има годишна плата од 8 милиони евра, но сепак не делува како тип кој за 5-6 часа дружење со пријатели ќе потроши половина милион евра.

- Оглас -

Најнови вести