Ќе има ли петта среќа за Франција? Триколорките ќе се обидат да го прекинат чудното проклество

Франција и петти пат по ред ќе игра во финале на Европското првенство во женска кошарка, а Триколорките ќе се обидат против Белгија, или Србија да го прекинат чуднното проклетство од четири порази по ред во мечевите за титулата.

Во првото полуфинале ја победија Белорусија со 73:61 и го очекуваат победникот од вториот меч меѓу Белгија и Србија за да го дознаат противникот во најзначајниот кошаркарски меч во Европа кај дамите во 2021 година.

Белгија има предност од 49:45 против Србинките во финишот на третата четвртина и ако победи за првпат ќе игра финале на ЕП. Србија има една титула, а интересно е што е освоена во црната серија на Франција од четири порази по ред.

Во 2015 година Србија ја победи Франција со 76:68 во мечот за европската круна, а останатите три порази на Триколорките се од Шпанија, во 2013, 2017 и во 2019 година.

Франција има две титули европски првак, но и најмногу порази во финалињата, вкупно 7.

 

- Оглас -

Најнови вести