Фудбалската асоцијација на Англија воведува ново правило со кое се надева дека дополнително ќе ги оддалечи гигантите од Суперлигата.
Големата шестка на Англија, Манчестер сити и Јунајтед, Челзи, Ливерпул, Арсенал и Тотенхем, не ќе може да купуваат странски фудбалери доколку ги оживеат своите намери да учествуваат во елитното натпреварување од затворен тип, проект кој пропадна за само 48 часа по најавувањето.
„Екипите кои би се откажале од официјалните првенства на УЕФА ќе бидат спречени да купуваат странски фудбалери со тоа што нема да им одобруваме работни визи. Само доколку останат до ставот дека нема да се вратат во Суперлигата, ќе продолжат со своите инвестиции како досега“, истакна извршниот директор на англсската ФА, Марк Балинхем.
Со Брегзитот, Владата на Велика Британија има контрола врз работните визи на спортските работинци и самите одлучуваат околу одобрување на истите.
Како што е веќе познато, големата шестка отстапи од идејата да се формира затворена лига со Барселона, Реал и Атлетико Мадрид, како и италијанските Интер, Јувентус и Милан.