Им конкурираат на Македонците со фештата во Букурешт – Илјадници лалиња процветаа во Будимпешта (Видео)

Илјадници хиоландски навивачи пристигнаа во Будимпешта за да ја бодрат својата репрезентација, вечерва од 18 часот во осминафиналето на Европското првенство против Чешка.

Лалињата процветаа во главниот унгарски град, не им пречи ниту исклучително жешкото време, па Холандија ќе има голема поддршка од трибините на „Пушкаш„ арената.

Ова е прв меч што Холанѓаните го играат надвор од својата земја, откако сите три меча во првата фаза, против Украина, Австрија и Македонија ги играа на „Јохан Кројф“ арената во Амстердам.

Почетни состави:

Холандија: Штекеленбург – Дамфрис, Де Фрај, Де Лихт, Блинд, Ван Анхолт – Де Рон, Вајналдум, Ф. Де Јонг – Депај, Мален.

Чешка: Вацлик – Цоуфал, Челустка, Калаш, Кадерабек – Холеш, Соучек – Шевчик, Барак, Масопуст – Шик.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести