Ница ја активираше откупната клаузула за стоперот на Барселона Жан-Клер Тодибо во вредност од 8.5 милиони евра, а Каталонците ќе навиваат за успеси на францускиот прволигаш и за добри игри на 21-годишниот играч, што може да им донесе и дполнителни бонуси од околу 7 милиони евра.
Тодибо беше член на Барселона од јануари 2019 година, но не добиваше многу шанси да игра, па беше на две позајмици во Шалке 04 и во Бенфика, за потоа зимоска да се пресели во Ница.
Одигра одлична полусезона и Ница е задоволна од игрите што ги прикажуваше Тодибо, па одлучи да ја активира клаузулата и да го задржи за подолг период во клубот.
https://twitter.com/ogcnice/status/1409134443302957057?s=20