Лалињата овенаа, се радуваат Чесите, се радуваат и Данците (Видео)

Чешка приреди големо изненадување со победата од 2-0 над Холандија во осминафиналето одиграно во Будимпешта. Лалињата газеа во групната фаза кога играа дома во Амстердам и освоија максимални 9 бода, но потклекнаа веќе на првиот дуел надвор од својата земја. Чешка во четвртфиналето ќе игра со Данска.

Клучен момент на средбата беше играњето со рака на Матајс де Лихт кој, доби црвен картон и тоа беше ветер во грб за Чесите, кои имаа играч повеќе на терен, за похрабро да нападнат.

Првиот гол за Чешка го даде Томас Холеш, играч на Славија Прага, а на 2-0 зголеми ѕвездата Патрик Шик, кој на ЕВРО 2020 засега има постигнато четири погодоци.

Ова е голот на Шик за 2-0, со кој дефинитивно беше скршен фаворизираниот противник:

https://www.youtube.com/watch?v=Cxd6df239UE

- Оглас -

Најнови вести