Шпанците си дадоа автогол со шут од пола терен (Видео)

Продолжува серијата на автоголови на Европското првенство откако голманот на Шпанија, Унаи Симон, катастрофално реагираше, а младиот Педри е запишан како стрелец на погодокот за Хрватска. Ова е девети автогол на турнирот, што е рекорд на европските првенства.

Коцкестите водат со 1:0 на стадионот во Копенхаген откако Педри реши од речиси половина терен да му ја врати топката на голманот Симон, а овој несмасно реагираше, топката помина над неговата нога и заврши во мрежата за водство на Хрватска.

https://twitter.com/i/status/1409547723041296389

- Оглас -

Најнови вести