Стефанос Циципас му се закани на Новак Ѓоковиќ дека ќе биде сопрен на Вимблдон, но Гркот нема да биде меѓу тенисерите што ќе се обидат да го победат Србинот бидејќи доживеа вистински шок и со пораз од 0:3 испадна на стартот од гренслемот во Лондон.
Американецот Френсис Тијафо приреди сензација и со 6:4, 6:4, 6:3 го победи третиот носител Циципас. Гркот играше финале на Ролан Гарос против Ѓоковиќ и пропушти голема шанса за прва гренслем титула откако водеше со 2:0, но загуби со 2:3.
За Тијафо ова е прва победа против тенисер од Топ-5 на АТП-листата.
https://twitter.com/espn/status/1409549325861015557?s=20
Стартот и првиот ден на Вимблдон беше кобен и за двојната шампионка Петра Квитова. Чешката тенисерка го освојуваше турнирот во 2011 и во 2014 година, ни денеска не беше моќна против Слоун Стивенс и загуби со 6:3, 6:4.