Сесар Аспиликуета го постигна првиот гол за Шпанија во 26-тиот меч, а погоди во вистински момент, во 57-мата минута на дуелот со Хрватска за комплетен пресврт и предност на Црвената фурија од 2:1.
Бекот на Шпанците погоди со удар со глава од близина и ја води Шпанија блиску до четвртфиналето. Претходно, голманот на Шпанците Унаи Симон си постигна смешен автогол по враќањето на топката на Педри, а израмни Сарабија во 38-мата минута.
Шпанија и Хрватска го играат петтото осминафинале на ЕП, а досега во четвртфиналето се пласираа Данска, Италија, Чешка и Белгија.
Вечерва од 21 часот ќе играат Франција и Швајцарија.