Франција сурово ја казни големата утка на Швајцарците (Видео)

Карим Бензема со два гола за 120 секунди ѝ донесе предност на Франција од 2:1 против Швајцарија и сурово ја казни големата утка на ривалот.

Претходно во 54-тата минута Рикардо Родригес промаши удар од белата точка, односно Љорис му го одбрани ударот од 11 метри за предност на аутсајдерот од 2:0.

И веднаш потоа, само за 180 секунди Бензема израмни на 1:1, а само две минути подоцна со нов гол ги шокира Швајцарците и донесе предност од 2:1 за актуелниот светски првак.

Првиот гол на Бензема во 57-мата минута можете да го погледнете ОВДЕ.

Вториот погодок на францускиот ас погледнете го ОВДЕ.

Ситуацијата во 54-тата минута беше многу интересна и најпрво Зубер беше фаулиран во шеснаесетникот на Франција, судијата Рапалини не покажа на белата точка, а потоа во продолжението на акцијата и Французите бараа пенал.

Со помош на ВАР-системот, Рапалини одлучи да покаже на белата точка во корист на Швајцарците, но Родригес промаши и потоа Бензема казни со два гола, па по еден час игра, Франција води со 2:1.

Моментот од 54-тата минута и промашениот пенал на Родригес можете да го погледнете ОВДЕ.

- Оглас -

Најнови вести