Не им е пријатно – Франција прими три гола пред повеќе од три години и загуби

Уште 15 минути во второто продолжение ќе играат Франција и Швајцарија во неверојатното осминафинале во Букурешт, а ако останат актуелните 3:3, и по 120 минути игра ќе има пенали што ќе одлучуваат за патникот во четвртфиналето на Европското првенство.

Франција, која е актуелен светски првак, прокоцка предност од 3:1 во последните 15-тина минути и прими два гола за 3:3 и продолженија.

Во тек е второто и последно продолжение во Букурешт, а интересен податок е што Франција последен пат пред овој меч прими три гола во 2018 година и загуби со 2:3 од Колумбија во пријателски меч.

Швајцарците за првпат од 1954 година постигнаа најамлку по 3 гола на СП и на ЕП едноподруго, а сега имаат шанса тоа да го прослават со сензационална елиминација на светскиот првак.

- Оглас -

Најнови вести