Мбапе промаши пенал, Швајцарија го елиминира светскиот првак Франција (Видео)

Швајцарија приреди сензација и по пенал-рулетот, ја елиминира Франција со победа од 5:4. Килијан Мбапе, најскапиот играч на Триколорите, промаши пенал во последната петта серија и светските прваци испаднаа на ЕП.

Во регуларниот дел и по продолженијата од двапати по 15 минути беше нерешено 3:3, па првпат на ова ЕП се шутираа пенали.

Марио Гаврановиќ погоди прв за Швајцарија, а веднаш по него шутираше Пол Погба и израмни на 1:1. Ладнокрвно погоди и Фабијан Шер за 2:1 за Швајцарците, а потоа прецизен беше и Оливие Жиру.

Голманите Хуго Љорис за Франција и Јан Зомер на голот на Швајцарија беа немоќни и третата серија во која погодија Аканџи и Турам, па со шест погодени пенали резултат беше 3:3, како и во регуларниот дел и по продолженијата.

Сигурен потоа беше и Рубен Варгас за предноста на Швајцарците од 4:3, а пеналџиите продолжија да погодуваат, па Кимпембе израмни на 4:4.

Швајцарците ги погодија сите пет пенали, откако и Мехмеди беше прецизен, а Мбапе промаши единствен и како последен изведувач на пенал за елиминација на Франција.

Целата пенал-серија на осминафиналето во Букурешт можете да ја погледнете ОВДЕ.

Швајцарија ќе игра во четвртфиналето против Шпанија.

 

- Оглас -

Најнови вести