Групата во која беше Македонија може да биде единствена без учесник во четвртфиналето

Репрезентацијата на Украина остана единствена да ја брани честа на Групата Ц, во која беше и Македонија на Европското првенство. Украинците вечерва играат против Шведска и се во улога на аутсајдери, но тоа не треба многу да значи, што се потврди и со вчерашната елиминација на Франција, а претходно и на Холандија.

Доколку Украина не успее да се пласира во четвртфиналето, Групата Ц ќе остане без ниту еден преставник во завршницата на Европското првенство. Холандија која заврши како прва, беше елиминирана од Чешка со 2:0, а Австрија по голема борба и 120 минути игра загуби од Италија со 1:2.

Ако Украина загуби од Шведска, а Германија ја елиминира Англија, тогаш само од Групата Ц нема да има претставник во четвртфиналето. Сепак, ако Украина победи, а и Англија биде подобра од Германија, тогаш групите Е и Ф ќе го добијат приматот на „најслаби“ затоа што нема да имаат ниту еден четвртфиналист.

Интересно е што пред почетокот на ЕП, најголема беше шансата шампионот да дојде од Група Ф, каде што беа Франција, Германија и Португалија, но по елиминациите на актуелниот светски првак и европскиот владетел, остана Германија вечерва да докаже дека тоа било една од најсилните групи на турнирот.

 

- Оглас -

Најнови вести