Селекторот на Швајцарија откри како ја победиле Франција: Ние не сме нормална репрезентација

Фудбалската репрезентација на Швајцарија синоќа се израдува на една од највредните победи во нивната историја откако по подобро изведување на пеналите, го елиминираа актуелниот светски првак Франција. Подвигот да биде поневеројатен е затоа што Швајцарија губеше со 3:1 на 25 минути до крајот, но со два гола во последните неколку минути стигна до 3:3, а потоа се радуваше по подобро изведување на пенали.

„Многупати го оспоруваа мојот тим и не веруваа во него, но јас секогаш сум знаел дека можеме многу повеќе од тоа што останатите очекуваат. Ние не сме нормална репрезентација затоа што не е нормално да се вратиш од 1:3 негатива против светскиот првак. Успеавме да испишеме историја. Целиот народ во Швајцарија треба да биде горд на овој успех. Направивме нешто што со зборови не може да се опише. Има позитивно чувство во текот на целиот натпревар. Одигравме перфектно прво полувреме, а потоа промашивме пенал и примивме три гола. Сепак, не се предадовме и верувавме дека можеме да победиме против ривал каков што е Франција, во чии редови има толку големи ѕвезди. Ова едноставно е неверојатно“, рече селекторот на Швајцарија, Владимир Петковиќ.

Следниот предизвик за Швајцарија ќе биде четвртфиналниот дуел против Шпанија.

 

- Оглас -

Најнови вести