ПОЧЕТНИ СОСТАВИ: Англија ќе чека голови од Кејн, Лев изненади со Вернер во стартната постава

Герет Саутгејт не направи драстични измени во составот на Англија што ќе го почне мечот против Германија денеска од 18 часот на „Вембли“ во Лондон, во дербито на осминафиналната рунда.

Селекторот на Гордиот Албион одлучи да му даде шанса на Бакајо Сака во почетниот состав, а го нема Грилиш. Јоаким Лев направи неколку измени, па во составот за првпат како стартер на ЕП е Тимо Вернер. Тука е и Томас Милер, а резерви се Гундоган, Гнабри и Сане.

Состави:

Англија: Пикфорд, Вокер, Стоунс, Мегваер, Шо, Трипие, Рајс, Филипс, Сака, Стерлинг, Кејн.

Германија: Нојер, Гинтер, Хумелс, Рудигер, Кимих, Горецка, Крос, Госенс, Хаверц, Милер, Вернер.

- Оглас -

Најнови вести