Ќе заврши и осминафиналето, а македонскиот Болт сè уште е втор спринтер на ЕП (Фото)

Езџан Алиоски испадна со македонската репрезентација по првиот круг на Европското првенство, но сè уште е втор на листата со најдобри спринтери на шампионатот.

Со 156 спринта само за три одиграни натпревари во фазата по групи, против Австрија, Украина и Холандија, македонскиот Болт е само зад рускиот репрезентативец Александар Головин.

И Головин испадна со Русија, но успеа да направи одлични 198 спринта исто така на три меча на ЕП.

Интересно е што Лидс, клубот за којшто настапува Алиоски, е најтркачкиот тим во Премиер лигата за ланската сезона и имаше повеќе километража истрчано од сите фудбалери заедно на 37 од вкупно 38 меча. Само Манчестер сити успеа да ги наттрча во меч во кој Лидс играше дел од првото и цело второ полувреме со играч помалку.

Очигледно навиката од Лидс останала кај Алиоски, па засега го држи одличното второ место во интересна категорија на ЕП.

 

- Оглас -

Најнови вести