Торган Азар беше јунакот на Белгија и со победнички гол им донесе голема победа на Црвените ѓаволи во осминафиналето против Португалија, а сега ја охрабри нацијата и верува дека неговиот брат Еден ќе игра во четвртфиналето против Италија во петок.
„Белгија има одличен медицински тим и Еден работи напорно со нив за да биде подготвен за мечот со Италија. Се чувствува многу подобро по повредата против Португалија и сака да игра во петок. Се надевам дека ќе биде на терен со нас“, изјави Торган.
Помладиот Азар одигра одличен меч против актуелните европски прваци Португалците и со гол ја одведе Белгија во четвртфаиналето.
Голем малер за Црвените ѓаволи на тој меч беа повредите на Еден Азар и на Кевин де Бројне. Беше најавено дека сигурно нема да играат против Италија во четвртфиналето, но сега постои можност Еден да игра против Аѕурите.