„Групата на смртта“ се покажа „убиствена“, испаднаа сите три фаворити од тоа друштво

Репрезентациите на Франција, Португалија и Германија беа полуфиналисти на претходното Европско првенство, а овојпат ждрепката ги смести во иста група, имаа тешки меѓусебни дуели на кои се видоа нивните слаби страни и се покажа дека тоа им донесе несреќа. Овие три врвни селекции веќе се елиминирани, не стигнаа ни до четвртфиналето на ЕВРО 2020.

Многумина мислеа дека една до две селекции од таа група на смртта во која се најде и Унгарија, може да играат финале, но тоа не се случи и од селекциите од таа група, која се играше во Минхен и Будимпешта, сите прерано се враќаат дома.

На претходното ЕП, полуфиналист беше и Велс, а и Велшаните се елиминирани во осминафиналната рунда. На тој начин ова стана прво ЕП во историјата на кое четирите полуфиналисти од претходното не стигнале ни до четвртфинале на наредното ЕП.

- Оглас -

Најнови вести