Зизу ќе почека: Франција со Дешамп на клупата ќе ја брани светската титула

Дидие Дешамп останува на клупата на Франција и покрај неуспешниот настап на Триколорите на Европското првенство, кое за нив заврши по осминафиналната рунда, во која на пенали беа елиминирани од Швајцарија.

Од таборот на Француската фудбалска федерација потврдија дека Дешамп нема да добие отказ и дека ќе го води националниот тим на Светското првенство во Катар во 2022 година. Дотогаш важи неговиот договор, а не се исклучува можноста истиот да се обнови до крајот на 2024 година, односно до новото ЕП, доколку Франција ја одбрани светската круна која ја освои пред три години во Русија.

Со ова се отпишуваат сите шпекулации дека Зинедин Зидан ќе биде новиот селектор на Триколорите, работа за која ќе чека најмалку уште една година.

- Оглас -

Најнови вести